Прим. Д-р Соња Тасевска Васиќ

Специјалист по интерна медицина

ОБРАЗОВАНИЕ

  • Медицински факултет по општа медицина (Универзитет Св. Кирил и Методиј Скопје).
  • Специјалист по Интерна медицина (Универзитет Св. Кирил и Методиј Скопје).
  • Примариус (Министерство за здравство)
  • Учесник и предавач на Конгресот на респираторна медицина на Република Македонија- Струга.
  • Едукативен престој во болница Токуда Софија- Бугарија
  • Едукативен престој на Клиника за ендокринологија Скопје
  • Диплома за прво ниво на елементарно јазично совладување на македонски знаковен јазик
  • Диплома за ехокардиогравска школа
  • Уверение за медицинска прва помош и право за водење на настава и обука на кандидати за возачи
  • Учество на голем број домашни и интернационални конгреси, симпозиуми и работилници во областа на интерната медицина, оценката на работната способност и менаџирање со човечки ресурси и здравствени институции
  • Едукатор за борба против зависности

РАБОТНО ИСКУСТВО

  • Доктор по медицина (рехабилитација Отешево)
  • Претседавач и член на простепена инвалидска комисија
  • Работна група за измени на Законот за оценка на работна способност и законот за остварување на право на паричен надоместок за помош и нега на друго лице, слепило и мобилност и изготвување на правилници на истите
  • В.Д Директор на ЈЗУ ЗД Железничар Скопје
  • Учество во работа на Црвен Крст на РМ

ЧЛЕНСТВО

  • Член на комисија за давање на стручно мислење при решавање по поднесени жалбни против првостепено решение за остварување права на паричен надоместок за помош и нега на друго лице
  • Член на комисија за стручен надзор врз здравствени установи
  • Член на Управен Одбор на Македонско здружение на алергологија и клиничка имунологија
  • Член на управен одбор на Здружение на пулмолози на РМ
  • Член на Лекарска комора на РМ
  • Член на Македонско лекарско друштво
  • Член на Македонско и Европско Здружение на кардиолози
  • Член на Македонско и Европско респираторно здружение