One Hospital се грижи за здравјето на вработените од фирмите со кои соработуваме!

One Hospital се грижи за здравјето на вработените од фирмите со кои соработуваме!

Нашите д-р Александар Блажевски и д-р Александра Димова одржаа предавања за превенција од карцином на простата и дијабетес на вработените од Киппер Маркети и Киел Македонија.

Предавањата беа од информативен карактер за ризик факторите, симптомите, дијагностицирање и лекување на овие заболувања.

Од страна на вработените, кои беа во голем број наидовме на големо внимание и заинтересираност, а воедно ни ветија дека ќе се придржуваат на нашите совети за нивното здравје. Им благодариме на соработката.

Дополнително One Hospital во месец ноември се приклучува во борба против овие заболувања со промотивни пакети за преглед, лабораториски и дијагностички испитувања.