Dr. Арбен Асани: Знаци на колоректален карцином!

Dr. Арбен Асани: Знаци на колоректален карцином!

Иако е можно да имате карцином на дебелото црево и да не го знаете тоа односно да немате никакви симптоми, постојат знаци кои можат да се појават.

Ако видите крв во столицата, дефинитивно треба да го посетите Вашиот лекар за да направите одредени испитувања. Многу други работи освен рак можат да предизвикаат крв во столицата, но треба да го посетите Вашиот лекар за да бидете сигурни дека сè е во ред.

Другите знаци може да вклучуваат губење на тежината, промени во тоа колку често имате столица и промени во изгледот на столицата. Било кој од овие проблеми треба да значи консултација со Вашиот лекар.