ШТО СЕ ХЕМОРОИДИ?

ШТО СЕ ХЕМОРОИДИ?

Тоа се сплет од артериски и венски крвни садови, во аналниот канал, препокриени со сврзно ткаење и помагаат во контрола на празнењето на дебелото црево. Хемороидите може да бидат:

НАДВОРЕШНИ кои се палпираат како јазолче на внатрешната страна на анусот и најчест симптом е болката што се јавува по воспаление на јазолот и може да го компромитира празнењето на цревата, а во некои случаи и движењето. Болката поминува по неколку денови, но јазолчето останува и повремено се зголемува (при напор или по поголемо физичко напрегање).

Често се јавува чешање и црвенило на кожата, а ретко се јавува крварење. Дискомфорот може да доведе до раздразливост, несоница и лош квалитет на живот кај болниот.

 

ВНАТРЕШНИ хемороиди се јавуваат во ректумот, каде што нема рецептори за болка и кај овој вид на хемороиди нема болка. При механичко и друго дразнење тие може да крварат, што е и најчест симптом и во многу случаи нивното постоење може да доведе до маскирање на малигно заболување на ректумот.  Крварењето обично се јавува на крајот од дефекацијата,а крвта е со светлоцрвена боја која остава треги на таолетната хартија или е во вид на капки во таолетната шоља.

Овие хемороиди имаат постепен развој и може да се јават во неколку стадиуми.

ПРВ, Почетен стадиум со:

  • ДИСКОМФОР,
  • ЖЕЖЕЊЕ,
  • РЕТКО ОСКУДНО КРВАРЕЊЕ.

ВТОР СТАДИУМ, јазлите се ЗГОЛЕМУВААТ, се отпуштаат и излегуваат надвор од анусот само при позив за дефекација:

  • БОЛКА,
  • ЈАДЕЖ,
  • КРВАРЕЊЕ,со тенденција за зголемување на количината на изгубената крв.

ТРЕТ СТАДИУМ, Хемороидалните јазли почнуваат да ИСПАЃААТ надвор при дефекација, но за неколку часа сами се повлекуваат,

  • БОЛКА,
  • ДИСКОМФОРОТ,
  • КРВАРЕЊЕТО е обилно и во млаз.

ЧЕТВРТИ СТАДИУМ, хемороидалните јазли постојано ПРОЛАБИРААТ и КРВАРАТ.

 

 

ШТО ГИ ПРЕДИЗВИКУВА ХЕМОРОИДИТЕ ?

Зголемен притисок во крвните садови околу анусот, обично е причина за појава на хемороидите.

 

ШТО Е РИЗИК ЗА ПОЈАВА НА ХЕМОРОИДИТЕ?

  • ДЕБЕЛИНА,
  • БРЕМЕНОСТ И РАЃАЊЕ(обично по пороѓајот се повлекуваат)
  • ДИГАЊЕ НА ТЕЖОК ТЕРЕТ,
  • ВОЗРАСТ НАД 50 год.
  • СЕДАЛЕН НАЧИН НА ЖИВОТ,
  • ЛОША ИСХРАНА,
  • ПУШЕЊЕ,
  • ПРЕКУМЕРНА УПОТРЕБА НА АЛКОХОЛ

 

КАКО НИЕ МОЖЕМЕ ДА ВИ ПОМОГНЕМЕ?

Ако проблемите траат подолго време, ако имате појава на крв во столицата или ако во семејството имате болен со тумор на дебелото црево и Ви е потребна консултација со стручни лица, може да се обратите во нашата институција, каде што покрај консултација, може да Ви биде извршена ректоскопија или колоноскопија(со и без анестезија) и да Ви биде извршена хируршка интервенција.

Во нашата аптека може да се снабдите со најсовремена терапија за конзервативно решавање на Вашите проблеми со хемороидите.

 

ПРЕВЕНЦИЈА

Режимот на исхрана игра важна улога во превенцијата од ова заболување. За превенција е потребно хигиено диететски режим, употреба на храна со висока содржина на фибрински влакна, избегнување на конзервирана храна, јаки зачини, пушење, намален внес на алкохол, особено на црвено вино, односно да се преземат мерки за редовно и лесно празнење на цревата.Потребно е да се земаат многу течности, оптимално 8 чаши вода дневно.Треба да се избегнува напрегање при вршење на голема нужда и да се одржува хигиена на аналната регија.