Пациентка  Драгица Тенова, 66 години, од Скопје

Доктор: Прим. Д-р. Добрила Андоновска

Специјалист по пластична и реконструктивна  хирургија

Изјава од пациентката Драгица Тенова:

Многу сум задоволна што ми се исполни желбата да ми се подигне  целосно спуштениот горен очен капак  на левото око и да можам да ја живеам староста со ,,отворени очи” за да не бидам на товар на семејството. Задоволна сум од докторката Андоновска и целиот тим во One Hospital, кои се многу љубезни со пациентите.

Пациентката Драгица Тенова се јави на преглед поради птоза на горен очен капак /спуштен очен капак/ на левото око, состојба стекната поради операција на карцином на долниот очен капак, медијалниот кантус и делумно зафаќање на горниот очен капак. Била оперирана пред дваесет години и пред  две години, во други хируршки установи.

Во One Hospital била упатена од специјалист офталмолог.

Пациентката е оперирана на 18ти ноември 2019 година со техника на фронтална суспензија /подигање на спуштениот очен капак со фиксирање на рскавичната плоча на очниот капак за челниот мускул.

Постоперативниот тек помина уредно, пациентката се јавува на редовни контроли и ја прима ординираната локална терапија.

 

 

бул.Видое Смилевски Бато бр.1-1/3 Тетово
ул. 101 бр. 10, Гостивар
ул. Мајка Тереза бр. 17, Скопје

Правна Напомена | © One Hospital 2019