Правни напомени

Политика за приватност

One Hospital Ви заблагодарува на Вашиот интерес за нашата интернет страница и за користење на нашите услуги.

Секој корисник со пристапување односно со користењето на интернет страницата на One Hospital, потврдува дека ги прочитал, прифатил и се согласил со условите содржани во оваа Политика за приватност.

Во случај корисникот да не се согласува со предвидените услови за користење на интернет страницата, го молиме да не пристапува на истата.

Оваа политика за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој One Hospital,  ги собира, користи, одржува и открива податоците собрани при посета на оваа интернет страница.

Политиката за приватност се однесува единствено за оваа интернет страницата и не се однесува за личните податоци што се собираат на други начини.

Воедно, оваа политика за приватност не се однесува на посета на други интернет страници до кои корисникот пристапува преку оваа интернет страница.

Оваа интернет страница може да ја посетувате и да ја користите без да го откриете Вашиот идентитет, односно без да ги откриете Вашите лични податоци.

За време на посетатата на оваа интернет страница се собираат податоци со кои се евидентираат корисниците, но истите не се доволни за идентификување на одредено лице. Овие податоци може да вклучуваат име на Вашиот интернет сервис провајдер, интернет страницата која сте ја користеле за да се поврзете со нашата интернет страница, бројот на посети на интернет страницата, времето поминато на интернет страницата, интернет страниците кои ги посетувате од нашата интернет страница, Вашата IP адреса и други слични информации.

Податоците собрани на ваков начин се користат за статистички цели и за подобрување на квалитетот на интернет страницата.

При користење на контакт формата прикажана на нашата интернет страница преку која секој корисник може да постави прашање, да изрази мислење, да достави барање, да закаже термин за користење на услуга или да побара било каква информација поврзана со нашата интернет страницa и услугите кои ги нудиме, ние прибираме лични податоци.

Овие лични податоци ги даваат корисниците доброволно за користење на услугите на оваа интернет страница.

Личните податоци најчесто вклучуваат име и презиме, телефонски број, е-пошта, како и други контакт информации, кои ќе бидат искористени исклучиво за намената за која се дадени. Секој корисник ги контролира личните податоци ќе ги даде на оваа интернет страница. Со пополнување на контакт формите на оваа интернет страница корисникот согласен е со оваа полтика на приватност.

Во согласност со постојните прописи за заштита на личните податоци, секој корисник има право на пристап, бришење, ревидирање, ограничување на обработката, копија од неговите лични податоци, како и право да биде информиран за користењето на неговите лични податоци.

Секој корисник дадената согласност може да ја повлече во секое време со доставување на е-маил на официјалната е-маил адреса која е објавена на оваа интернет страница.

Целите за кои се собираат личните податоци се:

– Обработка на барањето на корисникот,

– Управување и оптимизирање на односите со корисниците,

– Спроведување на истражувања,

– Статистички податоци,

– Оценување на квалитетот на нашите услуги,

– Анализирање и оптимизирање на интернет страницата,

– Испраќање на информации, вести, настани, промотивни понуди и сл.

Со пополнување на контакт формите на оваа интернет страница корисникот дава согласност за обработка на неговите лични податоци од страна на One Hospital.

Заштитата на податоците е интегрирана во самиот дизајн, а поставките за приватност се поставени на стандардно високо ниво.

Целата комуникација помеѓу корисниците и сајтот се одвива преку безбеден енкриптиран протокол.

Обработката на личните податоци ќе се врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита при нивната обработка.

One Hospital го задржува правото на откривање на Вашите лични податоци во случаите кога тоа се бара по закон или е потребно за водење на некоја судска постапка.

Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки кои се сместуваат на Вашиот уред заради следење на движењето на Вашиот интернет пребарувач, од страна на оваа интернет страница и не се поврзуваат со Вашите лични податоци кои сте ни ги доставиле. Со помош на ваквите фајлови се следи движењето на посетителите на интернет страната и на тој начин се собираат податоци за да се подобри корисничкото искуство и за да ја оптимизира и унапреди функционалноста на интернет страницата.

Оваа интернет страница користи директни колачиња (first party cookies) и колачиња на трети лица (third-party cookies). Со пристапување односно со користењето на интернет страницата на One Hospital секој корисник се согласува со користењето на колачиња.

Директните колачиња (first party cookies) се колачиња кои директно ги користиме на  интернет страницата на Вашиот компјутер и често се користат за препознавање на Вашиот компјутер кога се враќате повторно на таа интернет страница и за помнење на Вашите преференции додека пребарувате на истата.

Колачиња на трети лица (third-party cookies) се колачиња кои ги користи некој давател на услуги во име на операторот на интернет страницата и мож да се користат од страна на давателот на услуги за препознавање на Вашиот компјутер кога посетувате и други интернет страници. Индиректните колачиња најчесто се користат за аналитика на веб-страници или рекламни цели.

Оваа политика за приватност се однесува само на информациите кои се објавени или добиени преку оваа интернет страница.

Го задржуваме правото на промени на оваа Политика за приватност.

Во случај на извршени промени на Политиката за приватност, истите ќе бидат објавени на оваа интернет страница.

Сите прашања во врска со заштита на лични податоци и со оваа Политика за приватност може да се достават на  е-маил адреса: contact@onehospital.mk , доколку во рок од 8 дена не Ви биде доставен одговор на Вашите прашања, Ве молиме информирајте не на следната е-маил адреса management@onehospital.mk .

Правна напомена и услови за користење

Oва известување се однесува на интернет страницата со назив:   www.onehospital.com.mk   

 Секое лице кое има пристап до интернет страницата на компанијата ги прифаќа следните услови:

Целата содржина на интернет страница е во сопственост на One Hospital и е од информативна природа.

One Hospital ги објавува информациите, податоците и писмените материјали на својата интернет страница  само за информативни цели.

Достапноста до оваа интернет страница и нејзината употреба се регулирани со овие  услови и со соодветните закони.

One Hospital го задржува правото без најава и во било кое време да ги промени, дополни или целосно замени овие услови. Корисниците на интернет страницата треба редовно да се информираат за потенцијалните измени, дополнувања или нови услови кои ќе бидат објавени на оваа интернет страница.

Пристапот до било кој дел од оваа интернет страница значи дека се согласувате со условите кои се овде се предвидени. Во случај да не се согласувате со предвидените услови за користење на интернет страницата, Ве молиме да не ја посетувате истата.

Сите информации, податоци, описи на услугите и останати содржини објавени на оваа интернет страница се предмет на авторска заштита според Законот за авторското право и сродните права. Корисниците не смеат да ги променуваат, копираат, дистрибуираат, пренесуваат, прикажуваат, објавуваат, продаваат, лиценцираат, трансформираат или на друг начин да употребуваат која било содржина која е достапна на оваа интернет страница.

Било каква употреба на овие содржини без претходна писмена дозвола/согласност од сопственикот  на оваа интернет страница е забранета.

Секое неовластено користење на овие содржини претставува кршење на авторските права или на другите права од интелектуална сопственост.

Содржината на оваа интернет страница е наменета за информирање на посетителите и корисниците за компанијата и услугите кои ги нуди.

One Hospital редовно ги ажурира податоците кои се наоѓаат на оваа интернет страница. Објавените податоци се исклучиво од информативен карактер, така што постои можност за промена на податоците во периодот меѓу две ажурирања.

Постои можност содржината на информациите, податоците и останатите писмени материјали кои се објавени на интернет страната да се променат независно од волјата односно без контролата на One Hospital. Од тие причини One Hospital не презема никаква одговорност ниту пак гарантира за точноста, веродостојноста, навременоста, потполноста и содржината на информациите, податоците и останатите писмени материјали кои се објавени на  интернет страницата.

One Hospital го задржува правото без претходно известување и во било кое време да врши промена, дополнување или целосно отстранување на содржините кои се објавени на овааа интернет страница.

Сите корисници целата објавена содржина ја користат на сопствена одговорност.

One Hospital го задржува правото во целост или делумно да го ограничи или да го прекине пристапот до оваа интернет страница или до одредени информации, податоци, документи и писмени материјали кои се објавени на оваа интернет страница.

One Hospital, ниту било кое друго физичко или правно лице кое ја креирало оваа интернет страница или учествувало во нејзиното креирање, не се одговорни за евентуална неточност на објавените информаци или за нејзиното нефункционирање, како и за евентуалната штета која настанала со употреба на неточни или нецелосни информации или од неможноста за употреба во периодот на нефункционирање на интернет страницата.

Без писмена согласност од One Hospital забрането е да се објави линкот на оваа интернет страница како и целосна или делумна содржина на информации, податоци, документи или писмени материјали кои се објавени на оваа интернет страница.

One Hospital не сноси одговорност за објавен линк или целосна или делумна содржина на инаформации, податоци, документи или писмени материјали од оваа интернет страница на друга интернет страница, без оглед на начинот на кој е извршено преземањето и постирањето на истите.

Оваа интернет страница може да содржи линкови на надворешни интернет страници кои припаѓаат на трети лица и со кои One Hospital нема никаква поврзаност. Поставување на линкови на надворешни интернет страници кои припаѓаат на трети лица, на оваа интернет страница може да се изврши само со претходна писмена писмена согласнот од One Hospital.

One Hospital нема никакво влијание врз информациите објавени на овие надворешни интернет страници и не сноси никаква одговорност за содржината, точноста, навременоста и законитоста на истите.

бул.Видое Смилевски Бато бр.1-1/3 Тетово
ул. 101 бр. 10, Гостивар
ул. Мајка Тереза бр. 17, Скопје

Правна Напомена | © One Hospital 2019