Нашите пациенти се најважни за нас!

Нашите пациенти се најважни за нас!

Пациент- Ердоан Рушити

Доктор- Маринела Малинова

Изјава од мајката на детето– Мејрем 

Пресреќна сум што конечно го најдов вистинскиот доктор за моето дете. Ви благодарам од срце!

Најголема сатисфакција на болницата One Hospital е кога на крајот од третманот имаме здрав, среќен и задоволен пациент, а задоволството е уште поголемо кога станува збор за дете.

Ердоан се јави на преглед поради обилен пурулентен исцедок од десното уво, на што му претходела силна болка во десно уво и во лоша општа состојба, која се повторила 2 пати за 6 месеци. После реализираниот ORL преглед и направен CT, утврдена е  дијагноза, направен соодветен третман, се до потполно смирување на симптоматологијата.

Крајниот резултат е од една многу сериозна здравствена состојба, по соодветниот третман, детето е среќно и насмеано, спремно да продолжи да ужива во детското секојдневие.