Интраартикуларни апликации

Интраартикуларни апликации

 

Oстеоартритисот претставува дегенеративно заболување на зглобната рскавица придружено со инфламаторна (воспалителна) компонента. Процесот значи деградација на зглобната р’скавица, но истовремено и синовит, ремоделација на субхондралната коска, дегенерација нa лигаментите и други интраартикуларни структури (како на пример менискусите во коленото и хипертрофија на зглобната капсула). Главен симптом на остеоартритисот претставува болката, а понатаму истата е придружена со намалена подвижност на зглобот што значително се одразува на квалитетот на животот.

Во третманот на остеоатритисот, односно на неговиот основен симптом- болката, покрај медикаментозната терапија и физикално-рехабилитаионите процедури, значајно место завземаат интраартикуларните инекции.

Постојат неколку видови на интраартикуларни инекции и специјалистот ортопед зависно  напредноста на остеоартритот, возраста на пациентот, телесната градба ,активност , животен стил и евентуалните коморбидитети ќе одреди која инекција е соодветна да се примени во третманот.

Видови интраартикуларни инјекции

1.Кортикостероидни инекции- се употребуваат за краткорочно намалување на болката во зглобот (2-3 месеци) и делуваат на намалување на восплителниот процес на зглобот. Заради можните несаканаи ефекти не се препорачува да се користат повеќе од двапати годишно во ист зглоб.

2.Препарати на хијалуронска киселина (вискосуплементи)- се употребуваат кога во зглобот е смирено активното воспаление (исто така се подобар избор од кортикостероидите кај пациенти со дијабет бидејќи кортикостероидите го подигаат нивото на шеќер во крв). Хијалуронските препарати и помагаат на зглобната течност да ги поврати своите нормални својства и делуваат како лубриканти и амортизери на зглобот, односно како граничник кон воспалителните клетки во зглобот, па дури можат и да го стимулираат зглобот да почне да лачи повеќе природна хијалуронска киселина. Еден третман ги смирува симптомите на период од половина година до година, а некогаш и подолготрајно. Најчесто се користат во третман на коленските зглобови, и се препорачува да се даваат еднаш до двапати годишно.

3.ПРП (platelet reach plasma)-плазма богата со тромбоцити- се изработуваат од сопствената крв на пациентот која се зема на соодветен начин од вена, се центрифугира и се подготвува во вид на инекција. Нивното дејство е во искористувањето на факторите на раст кои ги има во тромбоцитите кои дејствувуваат на имуниот одговор и го намалуваат воспалението во зглобот. Предноста на оваа метода е што е билошка и автологна и може безбедно да се повторува повеќе пати.

Интраартикуларните инекции се аплицираат во стерилни услови- стерилни ракавици и стерилно чистење и изолација на зглобот кој се третира. После апликацијата се советува пациентот да аплицира ладни облоги на зглобот и да ги редуцира физичките активности во тековниот ден.По потреба инекциите можат да се аплицираат по ултрасонографска или РТГ контрола.