За Нас


 

One Hospital, чија прва болница е лоцирана во западниот регион на Македонија, обезбедува врвни здравствени услуги, со својот докажан медицински кадар и опрема.

One Hospital е модерен и најнапреден технолошки центар кој пружа комплетни медицински  услуги, дијагностика и третман.

One Hospital воведува нов концепт на медицинско лекување и дијагностика во Македонија, вклучувајќи општа хирургија, пластична и реконструктивна хирургија, стоматолгоија, ортопедија и трауматологија, интерна медицина, ендоскопија, педијатрија, општа медицина, ревматологија, одделение за интензивна нега, гинекологија, урологија, лабораторији за биохемија, стоматологија, неврологија, оториноларингологија и други медицински оддели

One Hospital е опремена со најнова апаратура, потребна за дијагностицирање на сите видови заболувања (МР/КТ/ПЕТ), најефикасните уреди и технологија на нашето време, кои се користат во областа на рентген дијагностика и онкологијата за рано откривање и пратење на тумори, за утврдување на степенот на ширење на туморот, за планирање на радиотерапија, за проценка на реакција од одреден третман.

One Hospital е болница сетрифицирана со сертификатот за квалитет ISO 9001. ISO 9001 е меѓународен стандард за системите за управување со квалитет издаден од ISO организацијата. Стандардот им овозможува на организациите да ги организираат процесите, да ја зголемат ефикасноста на управувањето со квалитетот и постојано да се подобруваат. ISO 9001 е меѓународен стандард кој ги пропишува барањата за системите за управување со квалитет. Со овој сертификат, One Hospital го докажува квалитетот во нашето работење и ја демонстрира способноста постојано да овозможуваме производи и услуги кои се усогласени со барањата на нашите клиенти.

One Pharmacy – Во склопот на нашата болница имаме целосно опремена Аптека, која ги задоволува потребите за сите лекарства на нашите пациенти. Воедно аптеката располага со широка лепеза на медикаменти, козметички препарати, додатоци за храна и средства за орална хигиена. За сите овие препарати вршиме достава на домашна адреса. Аптеката работи секој работен ден од  08.00 до 20.00, и во сабота 09.00 до 18.00.

Нашите пациенти, сега можат да најдат сé на едно место.

One Esthetics – Оддел во кој се применуваат најсовремените светски  процедури, со користење на  софистицирана модерна апаратура и технологија. Нашиот тим  предводен од врвни специјалисти со долгогодишно искуство и интернационално докажани експерти и , ќе ви овозможат да имате совршен изглед и естетика. One Esthetics одделот вклучува процедури од областа на ортодонција, стоматолошката имплантологија  со протетска рехабилитација, дерматологија и пресадување на коса, нутриционизам,  па се до пластична и реконструктивна хирургија и естетика. Со нашиот оддел сите естетско-функционални проблеми кои ви создаваат непријатност или влијаат врз вашата самодоверба и секојдневно живеење се решливи.

One Cafe – Нашите пациенти и гости, можат да уживаат во пријатната атмосфера на нашиот lounge bar – One Cafe кое е дел од болницата.

 

Сертификати

 

Зошто се разликуваме


 

 

Инфраструктура / Најнапредна технологија

Опкружувањето на болницата има пријатна и топла атмосфера. Оne Hospital е единствен приватен дијагностички центар со комплетно опремена радиодијагностика, во која што е вклучен и апаратот ПЕТ/КТ. Нашиот дијагностички центар е комплетно опремен (ДЕХА, биохемиска лабораторија, мамографија, дигитална рентгенграфија, КТ, ултразвук) и исто така вклучува МР 1,5Т со што се овозможува целосна дијагностика.

Удобност и хигиена

Удобноста, услугата и хигиената за нашите пациентот е наш врвен приоритет и се трудиме секојдевно да ги одржиме стандарите на највосоко ниво.

Надлежен медицински персонал

Персоналот во нашата болница е уште една причина зошто пациентите не избираат нас како приватна институција. За нашите пациенти постои врвно едуциран персонал кој е подготвен да обезбеди најдобар третман.

 

 

Достапност

Цените на услугите во нашата болница се пристапни и пропорционални со квалитетот на услугите, и истите за нашите пациенти се достапни 24/7.
Нашиот Контакт центар за грижа на пациентите обезбедува постојано и стандардизирано ниво на услуга.

Капацитет


 

One Hospital се протега на повеќе од 3000 метри квадратни и располага со:

  • 16 болнички кревети распоредени во соби со еден или два кревети во зависност од потребите и барањата на нашите пациенти
  • 7 кревети за интензивна нега каде се пружа врвна нега на оние кои најмногу им е потребна
  • 3 кревети за дневно хоспитализирање
  • 2 ВИП апартмани
  • 2 врвно опремени операциони сали
  • 1 просторија за ендоскопија
  • 1 мала C11

Осигурителни Компании


 

Наш партнер во пружање на најдобрите услови за нашите пациенти е Еуролинк Осигурување, кое нуди приватно семејно здравствено осигурување.

Осигурете го вашето семејство, добијте прегледи и лекување, како и можност за покривање на трошоци за породување, пренатални тестови, офталмолошко и стоматолошко лекување во сите приватни здравствени установи.

Соодветно на можностите и потребите на клиентот, оваа полиса е достапна во три различни пакети на покритија на здравствените услуги. Пакетите „Старт“, „Комфор“ и „Премиум“. Пакетите вклучуваат трошоци за болничко лекување, вонболничко лекување, препишани лекови, како и породување, офталмологија, стоматологија, неинвазивни и пренатални тестови и др.

Сите општи и специјалистички прегледи во сите приватни здравствени установи без ограничување

  • Без упати, брзо и едноставно до врвна здравствена грижа,
  • Избор на лекар и на приватна здравствена установа по желба и потреба на клиентот,
  • Вклучени СИТЕ општи и специјалистички прегледи без ограничување,
  • Вклучени трошоци за превентивни прегледи по избор на осигуреникот без претходна индикација,
  • Директна исплата на трошоците за лекување од страна на Еуролинк осигурување за болничко лекување, лекување на малигни болести и трошоци за породување,
  • Заедничка осигурена сума/лимит за сите членови на семејството, без дополнителни скриени трошоци,
  • Можност за покривање на трошоци за породување, за офталмолошко и стоматолошко лекување и до 50% на трошоци за пренатални тестови во приватна здравствена установа по слободен избор на осигуреникот, со склучување на договор за лојалност за пакетите Комфорт, Премиум и Старт.

Семејствата во Македонија веќе го одбираат најдобриот продукт за приватно здравствено осигурување Семејно Приватно Здравствено Осигурување со кое се овоможува здравствена заштита на целото семејство во сите приватни здравствени установи во Република Македонија и во Европа, без ограничување и по избор на клиентот.Со оваа полиса на осигурениците и нивните семејства им се овозможува врвна здравствена заштита во најдобрите здравствени установи како што е One Hospital.

Но, бидејќи третина од времето го поминуваме на работните места, а често луѓето својата работа ја нарекуваат втор дом, како сегмент од Приватното здравствено осигурување, Еуролинк Осигурување нуди и Приватно Колективно Здравствено Осигурување.   Менаџерите знаат дека здрави и задоволни вработени се основата на добриот бизнис и затоа прават напор да им понудат најдобри услови за работа и здравствена нега.

Еуролинк осигурување со својата полиса за приватно здравствено осигурување ви нуди вам и на вашите вработени професионална медицинска грижа во најпрестижните приватни здравствени установи во РСМ.

Кариера


 

Добредојдовте и ви благодариме за вашиот интерес за кариера во One Hospital. Нам ни е драго да ви ја претставиме нашата онлајн форма преку која во секое време може да аплицирате за дадена позиција и да станете дел од нашиот тим.

Стручниот тим на One Hospital е наша најголема предност и секогаш бараме подеднакво спремен кадар да стане дел од него. Ние сме секогаш отворени за соработка со цел да го привлечеме најврвниот медицински персонал во одлични работни услови и пријатна и динамична атмосфера на работење.

Доколку сакате да аплицирате во One Hospital, пополнете го формуларот со потребните лични податоци и прикачете CV со вашето образование, работно искуство, странски јазици, како и било која дополнителна информација која би придонела да се издвоите од останатите апликанти.

Среќно!

Галерија


 

 

бул.Видое Смилевски Бато бр.1-1/3 Тетово
ул. 101 бр. 10, Гостивар
ул. Мајка Тереза бр. 17, Скопје

Правна Напомена | © One Hospital 2019