ГРЧЕВИ КАЈ НОВОРОДЕНЧИЊА! – Д-р Олгица Николовска (Специјалист Неонатол – Педијатар)

ГРЧЕВИ КАЈ НОВОРОДЕНЧИЊА! – Д-р Олгица Николовска (Специјалист Неонатол – Педијатар)

Нормална појава или причина за загриженост?

Инфантилни колики или грчеви кај новороденчињатанаречени уште како трименонски колики се  дефинираат како напади на  силен плач  и немир  прпратен со  црвенило или перорално бледило на  лицето и  карактеристични  движенја на  ноџињата ата према  стомакот (грчење).

Кога се јавуваат

Коликите  најчесто се  јавуваат пред  втората недела од  животот, а  престануваат или  нивниот интензитет се намалува  со полни 3 месеци. Во првите 3-4 месеци од  животот  на бебето коликите (грчевите) се најчеста појава. Се  јавуваат кај 20-40% од новороденчињата и тоа  подеднакво често кај  доените и кај  бебињата  на адаптирано млеко. Тие  се  случуваат наеднаш од “чиста мира” и траат и по  неколку  часа. Проследени  се со неутешно плачење на бебето, вознемиреност, пореметување  на  сонот и исхраната, а нарушено е и расположението на  целото  семејство. Најчесто  се  јавуваат после  пладне и  навечер и тоа  со поголем  интензитет, а може да се  јавуваат и преку  цел  ден и во текот на ноќта.

НОВОРОДЕНО БЕБЕ ВО ONE HOSPITAL – 14.04.2021

Дали  се  работи  за  болест?

НЕ! Грчевите  не  се  болест  туку нормална  појава.  Тоа  е состојба во која децата се вознемирени и плачат , но  воедно тоа се здрави деца  и деца кои примаат храна  и  одлично  напредуваат.

Кои се причините

Причините за  појавата  на грчеви на  науката  не и  се  целосно познати и точниот етиолошки  фактор не е определен. Постојат  неколку  теории  за настанувањето  на грчевите:

  • бебето  не  поднесува  млеко,
  • гастроинтестиналниот тракт не е доволно развиен па се јавуваат спазми,
  • привремен хормонски дисбаланс,
  • бебињата цицаат многу бргу што води до полнење на цревата со воздух, нивно растегање и надуеност,
  • преголема чувствителност на нервниот систем на бебето во однос на надворешната средина и прием на многу стимулации истовремено.

Моментално како најрелевантни се сметаат теориите  за  незрелост на дигестивниот и  нервниот  систем кај  бебето, додека  теоријата за  влијанието на мајчината  исхрана на  грчевите  кај  бебето е  застарена.  Ова   значи дека  мајката  може  да  јаде  разновидна  храна без притоа истата да е фактор за појава на грчеви кај бебето.  Значи  се  работи за  нормална  развојна  појава која  бебето ја  чуствува  како  нелагодност и грч. Се смета дека  не  е  болка  затоа што е докажано дека  нивото  на  кортизол (хормон на стрес) кај бебињата кои имаат грчеви не е поголемо од кортизонот кај оние кои немаат .

Како треба да се третираат инфантилните колики (грчеви)?

Лекувањето на грчевите со лекови не е потребно.

Она што може да се сугерира и да биде од помош е:

  • Информирање на родителите за тоа што се инфантилни колики;
  • Мануелни масажи на стомачето на бебето;
  • Ставање на топла пелена и легнување на бебето на страна со свиткани нозе;
  • Редовно подригнување на бебето после секој оброк ;
  • Ублажување на инфантилните колики со давање на пробиотици.

– Утврдено е дека бебињата кои имаат инфантилни колики имаат пониско ниво на пробиотиски бактерии во гастроинтестиналниот тракт, така што давањето на пробиотици доведува до колонизација и намалување на јачината или губење на грчевите кај бебето. Притоа треба да се знае дека пробиотикот нема  несакани ефекти и се  дава онолку  колку што е потребно.

  • Давањето на  препарати кои содржат симетикон не даваат значајни  резултати и се применуваат онаму каде грчевите  се  последица од голтање  на  воздух.

Инфантилните  грчеви се исто што и  никнување на  заби, проодување, прозборување – односно само уште една   фаза  во  созревањето  на  вашето дете.

Д-р Олгица Николовска – (Специјалист Неонатолог – Педијатар)